Една бедна фотографија од мак фудбалот

Кога кај нас за стадион ќе се каже „Планот е да се реновира“, едно 5-10 години се вергла тој план чисто како муабет и на крај прашање е и дали стварно ќе се реновира. ФК Победа лани направи кам бек во прва лига, ама играше кај ќе стигне, само дома не.

Според најновиот страшен изглед на реновираниот стадион „Гоце Делчев“, најверојатно Победа ни оваа сезона нема да биде домаќин. Работнички во неделата го пречека под Тумбе Кафе во Битола. Дали има други опции? Има, во Могила каде играше ланска сезона, а понекогаш тренираше во Горно Коњари. Зборуваме за прволигашки фудбал и двократен шампион на Македонија кој тука има пречекано екипи како Перуџа, Митјиланд...

Како тргнало реновирањето, овде уште малце крокодили ќе шетаат.

Фото: Благојче Димоски

29 август 2018 - 14:47