Црвените од Енфилд имаат нов херој

Откако Ливерпул „за влакно“ не ја освои титулата во Премиер лига, а Суарез отиде во Барселона, КОП-от скептично гледаше на потезите кои ги влече управата. До почетокот на оваа сезона.

Најдобриот играч на Ливерпул сезонава е Мохамед Салах којшто дојде во Англија од Рома за 42 милиони евра. Египќанецот постигна 18 гола на 24 меча во сите натпреварувања (заработи и неколку пенали).

Најдобриот египетски фудбалер има подобар почеток на „Енфилд“ дури и од неверојатниот Луис Суарез којшто во Ливерпул дојде зимата 2011-та и во првата полусезона даде само 4 гола, а до мај запиша 17 погодоци. Салах толку даде после четири месеци кога уште полусезоната не е завршена.

Комлименти за Салах доаѓаат од сите страни. Тој е најзаслужен што неговиот Египет ќе игра на Мундијалот следната година во Русија.

Диего Марадона предложи да му го врачат признанието најдобар играч на Африка во сезоната.

Ако некој заборави, ова не е прво појавување на Салах во англиската лига. Во јануари 2014-та Челси го купи Мохамед од Базел за 11 милиони фунти. За полусезона на „Стемфорд Бриџ“ неверојатниот Египќанец кај Мурињо одигра помалку од 20 меча и беше продаден во Рома.

Сега Жозе често се присетува на заминувањето на Салах, како и на оние на Лукаку и Де Брујне.

„Сакав да преминам во Ливерпул и уште од самиот почеток се чувствував уверен. Поминав две одлични сезони во Рома, но бев уверен дека ќе се вратам во Англија. Тоа беше во моите планови“, вели Салах којшто го води Ливерпул во следната фаза од ЛШ.

Мохамед Салах - во првите 4 месеци во Ливерпул:

- 14 гола на 18 меча во сите натпреварувања;

- Најдобар играч на Ливерпул во август и септември;

- Најдобар играч на неделата во првото и третото коло на Лига на шампиони

- По заминувањето на Луис Суарез, ниту еден фудбалер не дал повеќе од 14 гола за Ливерпул во една сезона. Салах даде 14 до ноември.

7 декември 2017 - 09:11