Буфон: „Сестра ми има Лига на шампиони, јас немам“

The Players Tribune одново изненади, овојпат со екстра интервју со Буфон кого го испрашува стоперот на Барселона и Шпанија.

Џиџи Буфон одигра во Серија А повеќе натпревари од кој било друг голман во историјата (639) и му недостигаат уште 8 меча да го стигне вечниот рекордер Паоло Малдини.

На клупско ниво Буфон одигра 875 меча прими 729 гола и имал дури 383 „суви натпревари“ без примен гол. На професионално ниво одиграл повеќе од 1.000 натпревари.

Во сезоната 2015/2016 Буфон не прими гол неверојатни 974 минути а пред неколку сезони стана и рекордер по бројот на настапи за репрезентацијата на Италија (176). Има девет скудета и тоа е рекорд. Притоа го лишија од две титули поради калчополи. Во 2006-та година се качи на кровот на светот со Италија.

Во четвртокот на прес-конференција во долг монолог објави дека го напушта Јувентус но останува загатка дали ќе ја продолжи кариерата и каде. Реномираниот The Players Tribune го донесе Жерар Пике специјално во Торино за да го интервјуира Џиџи Буфон.

Целото занимливо интервју може да го гледате тука со англиски превод на опцијата CC на самото видео.