Бизарни кражби на пенал точки во Белгија

Неверојатна сторија пристигна од Белгија каде фудбалски клубови пријавуваат кражба на белите точки од нивните терени.

Девет фудбалски клубови од пониските лиги во Белгија пријавиле кражби на белите точки за изведување на пенали и од средината на терените на нивните стадиони.

Најлошо поминал фудбалскиот клуб Херзел каде освен белите точки, им биле украдени и четирите корнер знаменца, а еден фудбалер дури и се повредил откако се сопнал на дупка на теренот од каде што била откорната белата точка.

Еден од претседателите на клубовите им се пожалил на медиумите дека пријавиле во полиција, но тие не сакале да си го трошат времето со ваков случај.

30 август 2013 - 10:57