Ајакс му прати 27 гајби пива на шкотски петтолигаш

Нов рекордер во Европа по бројот на последователни победи доаѓа од Шкотска. Тимот Ист Килбрајд остварил 27 триумфи по ред и го сруши рекордот на Ајакс од сезоната 1971/72 година.

Шкотскиот петтолигаш доаѓа од град со 80-ина илијади жители. Ист Килбрајд вчера славел 3:1 против БСЦ Глазгов и на тој начин го срушил досегашниот рекорд на Ајакс од Амстердам кој во 1972. ја завршил сезоната со 26 победи по ред.

Со оглед на тоа што рекордот на Ист Килбрајд доаѓа од петта лига нема да заврши во Гинисовата книга на рекорди, но Холанѓаните решија да им честитаат на неверојатниот подвиг.

Од Ајакс, по залагање на новиот технички директор Едвин ван дер Сар им стигнало комбе со 27 гајби пива и две шишиња скапоцен шампањ како подарок од Амстердам.

„Ова е најголемиот успех во историјата на клубот. Ова е и мој најголем успех. Да го срушиш рекордот на Јохан Кројф и Ајакс? Неверојатно“, изјави Мартин Лаухлан поранешен шкотски фудбалер кој од сезонава е тренер на клубот Ист Килибрид.

Нема да ги има во Гинисовата книга на рекорд, но тие се воодушевени од фактот што сега цела Европа знае за нив.

„Што и да каже Гинис, ние сме рекордери. И во големиот Ајакс сега знаат за нас“, велат фудбалерите од шкотскиот град во кој долго време се славел овој успех.

Прилогот на Ајакс ТВ кој во живо го следел натпреварот во Шкотска: