20 години од денот кога Мартин Палермо промаши три пенали на 1 натпревар

Во Гинисовата книга на рекорди има тотално неверојатни подвизи, а она што му се случи на легендарниот аргентински шпиц во 1999-та година ќе се раскажува од колено на колено.

На 4 јули 1999 година во градот Луке се играше легендарниот меч од Копа Америка во кој се сретнаа репрезентациите на Аргентина и Колумбија. Легендарен затоа што шпицот Мартин Палермо, најдобриот фудбалер на Јужна Америка во 1998 година и еден од најпопуларните ликови во цела Аргентина, промаши три (3!) пенали.

На крајот неговата селекција изгуби со 0:3.

Веднаш по судиската свирка за крај, домот на родителите на Мартин Палермо бил каменуван, а телефонот прегорел од ѕвонење и закани од непознати лица.

Поразот од Колумбијците имаше далеку поголеми последици по репрезентацијата на Аргентина, затоа што „Албиселесте“ заврши втора во групата и во четвртфиналето налета на Бразил од кој изгуби 1:2.

Мартин Палермо тогаш влезе во Гинисовата книга на рекорди како прв фудбалер кој промашил три удари од белата точка на еден ист меч.

Но подоцна легендарниот шпиц го обели својот образ со фантастични партии во дресот на Бока Јуниорс и Аргентина која што со гол во последните секунди ја однесе на Светско првенство 2010-та: