Зошто жените сè поретко одлучуваат да се мажат?

Жени што се трудат апсолутно секој да дознае дека „немаат намера да се мажат” полека, но сигурно стануваат бучни скоро колку и тие насекираните „зошто не си омажена.” А всушност, многу нормални, општествени фактори се во прашање.

Жените се сами по себе комплетен пакет

Истражувања од 2010-та покажуваат дека прв пат, барем во Америка, има повеќе вработени жени од мажи. Сè уште постои разликата во плата, но активно се работи на случајот за да ја снема. Не само што мнозинството работни места ги држат жени, туку жените ги надминуваат мажите и во однос на образование. На двајца дипломирани мажи има три дипломирани жени.

Бракот е застарена работа и на жените тоа им е јасно

Мажите често не трпат закана по нивната машкост. Често се случува жените да одлучат да бидат сами за да не живеат со маж кој заради нив се чувствува инфериорен. Тешко е да се мажиш кога фрапантно голема бројка на мажи се плашат од идејата за жена која си е доволна сама на себе.

Бројот на кратките врски расте

Според писателката Ненси Џо Сејлс, живееме во апокалипса за врски. Тиндер и слични апликации креираат култура, каде што кратките врски ги заменуваат сериозните, а бидејќи ова на многумина им одговара, бракот доаѓа во втор план.

Не постои веќе идејата „се омажи богато”

Во време кога не било карактеристично жените да имаат образование и кариера, го имало концептот на „мажење во добра фамилија”, за да „си го подобриш статусот”. Денес, кога жената е пообразована, поуспешна, а општеството за жал креира се повеќе неостварени мажи - зошто да се мачи?

На жената не ѝ треба брак за да стане мајка

Прво, 40 проценти од бебињата (пак во Америка, ние немаме ни попис) ги раѓаат самохрани мајки и постои голема шанса овој процент да порасне, како што се намалува стигмата за самохрани мајки. Второ, благодарение на технологијата, не треба маж за бебе, и на многу жени што не им е дојдено до врска, а сакаат да родат им одговара вештачкото оплодување.

На крај, жените самите станаа како мажите со кои сакаат да се омажат

Глорија Стајнем вели, „Стануваме мажите што сакаме да ги венчаме.” Аманда Чател од Болд вели, „Веќе не сме ‘понежниот пол’ туку заебан пол кој е совршен, самоодржлив ентитет што може да се грижи за себе на секое ниво.”

Заклучокот е дека веројатно конечно стапнуваме во ера кога единствена легитимна причина за брак е журка и дотерување. Што е сосема во ред.

6 декември 2018 - 12:36