Зошто не кажувате колку е лесно да се поедностави животот?

Кога ќе речат „тајните на едноставното живеење се на дофат”, или нешто во тој контекст, на ова мислат.

Фино што има луѓе што знаат да медитираат, ама некои од нас се тотални дудуци и за јога и за медитација, а викаат дека така се намалувало стрес и се подобрувало квалитет на животот. Среќа па, некој и на нас мислел и решил решението да го побара во практични ствари, а притоа за човештвото да сфати, да го спакува во анимирано видео со пријатен глас.

Поентата е дека, сите имаме едно мало бебе во себе.

И ако размислите, како што ќе каже и чичкото на видеото, бебето доаѓаат луѓе да го видат, му носат шарени работки, му зборат, му гугаат, му се пикаат во фаца, му даваат и нешто да проба и такви некои фини работи, после кои бебето почнува да се дере.

И секој разумен родител знае дека е време за спиење и дека светот ќе биде многу подобро место за живеење после еден саат.

Кога, уствари, сте го легнале вашето внатрешно бебе на дремнување последен пат? И како планирате да не се жалите дека сте пред ментален колапс кога, стручно кажано, цело време претерано го стимулирате мозокот?

Притоа, не е само до „дремнувањето”, што е особено пријатна вест за оние меѓу нас што се ежат од самата помисла на попладневна дремка. 

Од бебешките препораки има и:

- Помалку луѓе; помалку обврски (Ниче вика: секој што нема две третини од денот за себе е роб);

- Одмор;

- Внимателно со медиуми.

11 септември 2019 - 00:00