Живееме во златна ера на капути

А во моментов е и сезона на капути, па можеме да си погледаме, што. Некои од овие што ќе ги видиме чинат колку половна кола, ама па што, де. Не мора да возите.

Овде имаме машки, ама тоа родовата поделба на облеката некако, сакале ние или не - е веќе застарена. Така што, сè ова тука што ќе го видиме, можеби е дел од машки колекции, ама ве молам, аргумент за зошто не може и жени да ги носат? 

Нема?

Нема.

Да видиме. Имаме еден дијапазон што почнува од „веќе видено” и се движи кон „тенката граница меѓу ултра-модерно и Глупи Август”, што е сосема во ред.

Од најдосадното и истовремено скроз практично и безвременско, имаме ова:

Роу Ендру волнен капут

И ова подоле. „Црвена ѕвезда” извади ваков модел во '70-ти или '80-ти. Особата што го доби капутот сличен на овој, од татко му - воено лице во ЈНА, е позната на редакцијата и гордо го носи, од проста причина што тоа е од оние парчиња за во музеј, и без смрт.

Можеме и вака, само не знае секој ова да го носи. А би било фино да се види на улица. Чисто како отскокнување од она првото.

Еве каде може да се умешаат жени. Видете како спие овој материјал.

(Уредникот на оваа статија се возбудува највеќе заради тоа што овој капут спаѓа во категорија „Социјално прифатлива бањарка”)

Раф Симонс

Или, ако сакаш да личиш на новата елка на плоштад:

И уште еден Раф Симонс

Еве Баленсијага. Сега ви е јасно што се мисли кога ќе се спомне „границата меѓу ултра-модерно и Глупи Август”? Буквално од вас зависи како ќе го износите.

Баленсијага

Истото важи:

Даики Сузуки

И назад на ствари што нема баш да искриват нечиј врат, ама се тотално на место. 

Селин

Не мора ни како оној со монтката да се облекувате. Доволно е како последниве двајца, па да си ги украсиме малку улиците додека е вака ладно.

Уште Селин

Ако се инспириравте доволно за купување капут - повелете и друг пат.

Или, се извинуваме, зависи од предновогодишните трошоци.

10 декември 2019 - 14:40