Запознајте ја „Генерација Алфа”

Се разбираат во технологија, цврсто се поврзани со надворешниот свет и најстариот меѓу нив има 9 години.

Миленијалците веќе стануваат универзално полнолетни, а Генерација Зета веќе расте. Следни на список се Генерација Алфа.

Според Мекриндл, агенција за социјално истражување во Австралија, Алфа почнува во 2010-та, со 2,5 милиони раѓања во една недела во просек. Деца им се на Генерација Ипсилон, поточно - миленијалците родени меѓу 1980-та и 1995-та.

Како ќе биде со нив?

Во однос на технологија, поврзани се од раѓање. Без тоа да биде воопшто планирано, оваа генерација е дел од еден глобален експеримент, кога екраните пред децата се ставаат во исто време како цуцлите.

Децата од оваа генерација се навикнати и се потпираат на инстантна информација и комуникација. Разноликоста им е стандард - жени на работно место, инклузија и фокус на еднаквост се главните норми откако постојат (од пред 9 години).

Животните маркери од типот на брак деца и пензија се очекува да бидат одложени, слично како кај двете генерации пред нив.

Образованието им е силна страна, бидејќи од нив се очекува да ги надминат нивните претходници, Генерација Зета, како најформално едуцирана генерација во историјата.

Истовремено, од нив ќе се очекува и многу работење и плаќање високи даноци, со оглед на тоа што околу нив популацијата старее, и ќе биде стара кога тие ќе бидат возрасни.

Сепак, официјалниот заклучок е дека многу ствари околу условите во кои овие деца ќе бидат возрасни ни се се уште нејасни - да не заборавиме дека најстариот Алфа сепак има девет години.

Интересно ова со новата номенклатура околу декадите на раѓање. На сродни теми, имавме

Миленијалците се најосамена генерација

Дали сте „иксенијалци”?

Генерација Фејсбук

Што е тоа „GEN Z YELLOW” и зошто е тема на муабет?

12 август 2019 - 19:23