Замисли, живееш во Њујорк, ама на таван

Да, скапо е.

Џек Лихи е 25-годишен музичар, преселен во Вилијамсбург од Остин веќе една година и живее во изнајмени 3 (три!) квадрати простор до кој се стига само со скала. Нема ни прозори, ни некои такви луксузи.

Градбата е всушност мултимедијален простор, но живеат и уште седум души (сместени во малку потрадиционални соби) и со нив дели едно ипол купатило и кујна.

Значи зборуваме за буквален таван, чија висина на еден ќош достигнува дури скоро пола метар. Значи, дупка нели, никој не би сакал да живее таму.

Не.

Лихи морал да се бори со конкуренција за ова негово живеалиште. Се тепале луѓе за него.

Според една студија, за заклучува дека домувањето во Њујорк младите луѓе не можат да си го дозволат уште од 2004-та, а меѓу факторите се вбројува и недостатокот на станови заради забраните за градење, а и тоа што сè помалку луѓе купуваат сопствен дом.

Патем, таванот чини 450 долари месечно.

Одеднаш, животот на бротче станува луксуз, нели?

12 септември 2019 - 00:00