Во ’60-ти имало салони за убавина за мажи

Хомофобите и алфа-мажјаците (овие вториве излезе дека се измислени, првите за жал - не), често милуваат да кажат дека денес мажите посветуваат време на својот изглед и се грижат за себе заради некакво помодарство, па очајно ќе кажат дека порано не било така. Да бевме Британци, може некој од нив ќе си го најдеше и дедо му тука.

Во ’60-тите на големо работеле салони за убавина посветени на мажите, каде што меѓу другото нуделе масажи, третмани за разубавување и подмладување. Во една, денес скандалозна изјава, нараторот ќе рече и „мавнете ги тие брчки, и вашата секретарка со задоволство ќе вечера со вас.” Не дека денес нема да упали таа реклама.

Има и од ’70-ти:

10 ноември 2017 - 09:20