Визијата да им ја имаш

Лесно е да дизајнираш црни, црвени и слични салонки. Па, и сандали. Оди направи го ова што го изнаправија месецов дизајнерите на обувки, да те видам.

На пример, имаме

Кралски, ама со ич кралска боја:

Црната е најсовршена боја во свет, ама замислете колку ќе беа незабележливи сите четири модели земени за пример, да беа црни. Ќе ги рипневме фотографиите при читање.

Па,

Гламурозни чизми за пешачење:

Се прашувате какви се тие гламурозни, ама за пешачење? Па, сигурно не се за пешачење. Во нив само не те болат нозе кога ќе решиш да одиш пешки на кафе, наместо со кола. И си дотеран.

Бесни чизми над колена:

Зошто бесни? Затоа што, иако е тенка линијата меѓу чизми што вриштат „прејако” и чизми што вриштат „сељанка”, вообичаените црни чизми над колена, класика модел се до-сад-ни. Дајте нешто плаво, црвено, виолетово, блесаво, ју кен ду ит.

Нов момент со чорапите:

Со години се учевме „како се праеше” со чорапи и патики/кондури, а сега кога веројатно се научивме, идат нови - можеби не толку правила колку - идеи. Чудно, ама не е за фрлање.

И не...

Коцкасти. ПАК.

Таман ги оставивме во 2002-ра, и тоа со сила стигнаа до таму, од што на некои не им се откажуваше од нив. Сега изгледа на луѓето пак им се носи клун од шатка. 

Чизми до глужд

Може и ќе постоеше коментар, или нешто пригодно да се каже да не беа третите од лево кон десно толку најодлични на свет и да не го привлекуваа целото внимание.

Ама, ако ништо друго, колажот од фотогрфии може ќе ги потсети луѓето дека не постои само црна боја за „чизмички”. 

Можеме ние и поинтересно од униформа.

15 март 2019 - 00:52