Ви се случила ретроактивна љубомора?

Мала љубомора е нормална појава, а има и луѓе што тврдат и дека е здрава за една врска. Да знаеш дека партнерот би можел да биде и со друга личност ако сака, те тера да го цениш повеќе и да го третираш подобро.

Ова го пишува овде, а всушност ако подобро размислиме - ако фактот што го третираш партнерот подобро се темели на „може да ме остави во секој момент”, турете пепел на таа врска.

Него, што е ретроактивна љубомора?

Тоа е основен катализатор на сите тие језиви љубовни приказни што ги слушаме (или ни се случуваат, недајбоже?) кога еден се треска за минатото за другиот, кога „не смееш да збориш со бившиот”, „зошто те погледна?”, „пушти вода да знам дека си у купатило” и слично.

Во една поодмерена дефиниција, ова ни тие што тврдат дека љубомората е здрава, не го признаваат за добро, а сите заедно ќе се согласиме дека, иако не се спомнува често - често се појавува. За жал. Феноменот значи да си љубопитен и љубоморен на претходна врска и сексуална историја на партнерот, иако тоа е завршена работа. Во својата најбезопасна форма на пример, може да биде ѕиркање во Инстаграмот на бившиот/бившата на партнерот, иако ти е јасно дека нема да најдеш ништо. Во најлош случај, ретроактивната љубомора е опсесија, со разгледување цела историја на социјални мрежи, коментари, лајкови, слики од нив заедно онлајн, постојано споредување себеси со таа личност и испрашување, гњавење и лигавење околу партнерот за секој елемент од таа завршена врска. Со следење, со шпиунирање, со правење филмови во глава, и други слични непријатности на кои веројатно барем еднаш сте биле сведок, или сте ги чуле од несреќен сведок.

И бидејќи, како и љубомората, и ретроактивната љубомора уништува животи, и тоа многу понеосновано, има еден куп видеа на Јутјуб како да се справиш со тоа.

Еден од оние лајфстајл тренери ги дели на три типа, од кои најстрашно е “retroactive jealousy OCD”.

Среќа па, има начин да излезе човек од тоа:

 

7 ноември 2018 - 12:04