Туѓ моден срам на најјако

По Америка има ланец на продавници што се вика Payless. Тоа е продавница за евтини кондури и ја имало насекаде, додека не се појави чудото наречено „онлајн шопинг”, па испозатворија 670 продавници и главно функционираат на интернет. И тролови се.

Вака изгледа.

Пред некоја недела отворија „луксузен бутик” со име „Palessi” (замислете ја таа пишурија на состанокот каде што се спремала оваа заебанција) и натераа еден куп луѓе да дадат од 200 до 600 долари за истите обувки што чинат од 20 до 40.

Цареви.

Направиле и фенси забава како што доликува, во простор што порано бил на Армани и луѓето биле толку импресионирани, што се продале кондури во вредност од 3000 долари.

Гостите ја опишуваат забавата како „елегантна и софистицирана” (хихи), што докажува уште еднаш дека луѓето немаат поима од мода.

Сепак, за кратко време ги информираа дека „дизајнерските” парчиња што ги држат во рака се всушност Payless и тука настапува едно велелепно разочарување, како на Геринг кога му кажале дека сликите од Вермер што грижливо ги збирал за време на војната се фалсификати.

Да ги жалиш:

3 декември 2018 - 14:10