Возраста ви е само во глава:

Тетките од Инстаграм имаат многу повеќе за кажување

Во свет каде што и на ситни 26-7 години понекогаш ти доаѓа да си речеш „ех, како не почнав порано”, да успееш на Инстаграм како фотомодел и моден ентузијаст е чудесија. Што значи дека Лин Слејтер, Сара Џејн Адамс, Линда Родин и Џудит Бојс се самите по себе едно многу убаво чудо.

Заедничко на сите овие жени им е што се ѕвезди на Инстаграм, нивните следачи ги обожаваат и случајно - имаат над 60 години.

И ќе ви бидат освежување на њуз фид, меѓу сите тинејџерки, евентуално 22-3 годишни, што понекогаш ве тераат да се запрашате „дали сум стара?”

Не си.

@iconaccidental - 479.000 следачи

Кога не предава на Универзитетот Фордам, објавува на нејзиниот моден блог, каде што објаснува: „Сакам да анимирам луѓе од сите возрасти што сакаат да размислуваат и да зборуваат за мода, не само да ја конзумираат.”

„Највозбудливиот дел ми е да се поврзувам со млади креативци, без разлика дали се фотографи, фризери, шминкери или нови дизајнери.”

@Saramaijewels - 166.000 следачи

Сара Џејн Адамс има 62 години, дизајнира накит и живее во Сиднеј. Себеси се нарекува „случајна Инстаграм ѕвезда”, а стана вирална кога објави слика од себе во Адидас тренерка во 2014-та. Сега има свој Јутјуб канал и 166.000 следачи. Откривајќи дека уште ја носи истата облека од кога имала 18-19, објаснува дека „сè уште е со истиот памет и сè уште е истата личност.”

„Стареењето воопшто не ми е тешко. Го прифаќам. Моите брчки се мое лице, минато, историја и тоа сум јас.”

@stylecrone - 34.200 следачи

Инаку опседната со капи, Џудит го почнува Style Crone како блог посветен на постари жени и сега е огромен хит на Инстаграм. Има 74 години, живее во Колорадо и го избрала зборот Crone заради неговото оригинално значење: „жена на одредена возраст која ја содржи целата животна мудрсот, знаење, искуство и љубов.”

Џудит Бојд влегува во модата додека работи како сестра на психијатриски оддел и пишува на блогот дека „да бирам облека, која секогаш вклучува шешир ми е начин да се изразам креативно и го доживувам како еден вид медитација.”

@lindaandwinks - 221.000 следачи

Линда ја започнува нејзината компанија за убавина од кујна, во Њујорк, во 2008-ма. Подоцна и ја купува Есте Лодер, а Линда сè уште ја бараат и заради брендот и заради стилот.

„Телеграф” ја нарече најмодерната жена над 60 години, а таа вели дека е посреќна кога се шета по град отколку кога влегува по скапи бутици.

„Кој дава пари за тоа?” прашува Линда на тема дизајнерски колекции.

Често ја сликаат со нејзината пудлица Винкс во гламурозниот стан што го има во Њујорк, и кога човек ќе ги види сликите, одма му е јасно: со долгата сива коса, Линда продолжува да биде олицетворение на гламур и одбива да се ограничува со нешто небитно како возраст.

12 април 2018 - 14:42