Страшниот свет во кој жените имаат права

На прв поглед, ова на илустрацијата изгледа како некоја фина викторијанска кафана. А всушност сликата е нарачана во 1908 и се појавува во политичко списание што сака да прикаже каков хорор би било кога жените би добиле права. Интересно.

Модерно облечени жени се прикажани како пушат пури, игнорираат деца, пијат, се коцкаат и се главно - излезени.

Меѓу 1890-та и раните 1900-ти, се појавиле илјадници вакви илустрации и се дистрибуирале низ Америка и Англија, на разгледници, списанија и по билборди. Пораката е дека женските права се опасни, а да се дозволи жените да размислуваат со своја глава може да заврши само со едно кошмарно општество.

Да ги жалиш луѓево. Ова е толку скоро, што не е ни чудно што некои луѓе сега мислат дека смеат да имаат мислење околу абортус и слични работи за кои никој не ги прашал.

Еве тука на пример, пуши и пие и строго ги гледа децата уредно нацртани како за во Оливер Твист:

Бебе плаче дека мајка му има право на глас:

Улава жена го малтретира мажот во општество каде што правата се еднакви на домашно насилство. Од кај ли таа идеја, хм?

Кутар сопруг принуден да работи женски работи откако жена му има права:

Жена со права сексуално напаѓа недолжен маж неспособен да се одбрани:

Приказ на расипување на жена:

Жени напаѓаат нејак полицаец:

Жени нешто зборат:

Жената му се дере на мажот затоа што смее да гласа:

Само грди жени сакаат да гласаат и бараат мажи за секоја стара мома:

Грозно, неваспитано девојче му ги краде панталоните на братчето додека тоа спие како јагне:

Во свет каде што жените смеат нешто да кажат, кутар маж пере:

Хорор: таткото го чува детето и пере, додека мајката игра карти и пуши цигари со други жени, а не обратно:

И за крај, машка жена:

„Мажествена е од кондури до шешир,

капут, крагни, штиркана кошула и кравата,

би носела и панталони на улица, само за да биде комплетна,

но законот тоа нема да го дозволи.”

Пишурија.

20 февруари 2019 - 13:46