Сте ја имале таа несреќа да се дружите со нарцис?

Ако некогаш ви се закачила нарцисоидна личност (или во моментов се трудите да се ослободите од неа), тогаш веројатно ви е јасно за што се способни ваквите луѓе. Гајле им е само за нив, токсични се и луѓето околу нив им служат како пиони. Во случај да се сомневате, имаме тука шест показатели дека се бавите со нарцис.

1.Секогаш ги користат другите

Сите околу нив се дел од нивниот мастер план кој главно се состои во тоа да добијат точно тоа што сакаат без разлика кој може да им се испречи на патот. Проблемот е што наоѓаат нови и иновативни начини да манипулираат со тебе, со твоите пријатели и сите што ќе одлучат да им бидат дел од животот. И нема друг начин да се избегне овој тип на однесување затоа што вака се однесуваат со било кој што сака да комуницира со нив. Го гледаат ова како слабост и ги фаќаат во мрежа тие што сакаат да помогнат.

2. Секогаш бараат да ги пофалиш

Постојано бараат одобрување ама не од типот „може ли?” туку од типот „Ти си најјак.”

Ако барем еден човек не ги одобрува, ќе збеснуваат до максимум, и немојте да мислите дека се претерува со изјавава. Нарцисоидните личности уживаат во внимание, што е една од причините зошто ги држат луѓето толку долго околу себе - им треба одобрување и валидација.

3. Екстремна ароганција во врска со сè

Склони се на ароганција, особено кога се обидуваш да им контрираш за нешта што ги повредуваат луѓето околу нив. Ова го сметаат за личен напад и одлучуваат дека се сомневаш во нив, дека никогаш не си ги поддржал и дека си најлош човек на свет. И ова може да ви се чини како претерување, ама има шанси да го читате ова затоа што веќе сте го доживеале, па - нели?

4. Очигледна љубомора

Нарцисистите не се воздржуваат од љубомора и гордо ќе ви ја покажат кога и да пријавите нешто што тие го немаат. Најзавидливи се сепак кога ќе запознаат човек што е во основа подобар од нив и на секој можен начин ќе се обидат тој човек да не го добие заслуженото признание и внимание. Нарцисистот апсолутно мрази кога некој е подобар од него и го полудува што таа личност ќе добие повеќе внимание за таа една, глупа работа што него му е важна.

5. Тоа што имаш чувства е твоја вина

Кога и да решиш дека сакаш да се соочиш со нив за сè што ти згрешиле, едноставно нема да прифатат. Ако им покажеш било каква емоција или чувство што се коси со тоа што го сакаат, едноставно ќе ти кажат дека ти си крив што така се чувствуваш. Нарцисоидната личност нема ни емпатија ни симпатија за луѓето околу себе и ќе ви се разјасни кога вие ќе му дојдете на ред. И веројатно нема да ви се верува дека ваква личност може да ви изнакаже такви работи, но нека ви биде јасно дека на нарцисот ваквите гадни работи му се песна.

6. Ги преувеличуваат своите достигнувања

Секогаш ќе се фали како да го фатил господ за муда. Нема шанси да не искористи можност да зборува во суперлативи за себе пред други. Ова е еден од најјасните показатели дека имате работа со ваков човек, иако и овие погоре воопшто не се за фрлање, особено кога ќе ги почувствуваш на своја кожа.

10 јуни 2019 - 13:45