Список на желби: Мебелот на Ирис Апфел

Време е на списочето за домот од соништата да се додаде мебелот на Ирис Апфел, затоа што нема шанси нешто што ќе го купите од фабрика за мебел да биде подобро од едно парче со нејзин потпис. Го имаме и интервјуто со нејзе, во случај да имате подзаборавено за каква царица се работи и какво е нејзиното чувство за естетика.

„Веселиот пристап кон животот, модата и индивидуалноста на Ирис Апфел продолжува да ги инспирира луѓето да се изразуваат преку нивниот уникатен стил,” вели Кармен Бауза од ХСН, сајтот каде што се продаваат нејзините ствари. „Се радуваме што ќе го надоградиме успехот што го има постигнато со нас, во мода, накит, материјали за мебел и декорација, овој пат со додавање на нејзината нова колекција која ја рефлектира нејзината страст за дизајн и оригиналност.”

Не ѝ е прв пат на Апфел да пробува нови работи. Во 2016-та влезе во светот на технологијата, дури доби и линија емоџи, без разлика што баш и не сфаќа што се емоџи. Дали е битно? Не, затоа што достапни се емоџиња со потписот на Ирис Апфел и точка.

Цените се движат од 269 до 1199 долари, што за дизајнерски мебел и не е некоја сума. Проблемот е што никаде на сајтот нема информација дека се испорачува до други земји. Не дека ќе нарачувавме фотеља прекуокеански, ама ете де, можеше некоја крпа за во кујна. Со тоа што ова подоле може да се парчиња за избор на мебел штоф, ама што знам, порабени се, ете нека бидат крпи.

На пример, параванов е супер-потребен, особено кога живееш во мал простор со повеќе од еден човек и сакаш да не постоиш. А кога веќе се криеш, криј се зад Ирис Апфел:

За стилот, и облеката:

Мислам дека повеќето луѓе не знаат кои се навистина. Се чувствуваат сигурно ако изгледаат како други луѓе... Во агонија се за нивниот изглед! Неверојатно! Не знаат ни што да носат, ни како и несреќни се. Но не можеш да научиш стил. Стилот, мислам дека ти е во ДНК. Можеш да научиш да бидеш помодерен, како подобро да се облекуваш, но мислам дека не можеш да научиш стил. Тоа е нешто вродено. Мораш прво да знаеш кој си и да почнеш од таму – а тука има многу работа! Повеќето луѓе не сакаат да го направат тоа. А ако не сакаат, и ако им создава стрес, тогаш секогаш велам, подобро е да си среќен отколку добро облечен.

5 декември 2017 - 11:00