Следната Барбика што ќе ја купите нека биде Фрида Кало

Децата ширум светот наскоро ќе можат да си играат со Фрида Кало, Амелија Ерхарт и Кетрин Џонсон барбики, а ќе можат да бираат од уште 11, кои ќе се прават во чест на инспиративни жени од историјата и денес.

Овие три имаат влијание во различни индустрии: Ерхарт беше првата авијатичарка што леташе преку Атлантскиот океан, Кало влијае на уметничката историја со нејзиниот уникатен сликарски стил и феминистичкиот активизам, а Џонсон, која ја има и во номинираниот Hidden Figures, рушела рекорди во математика и граници за црните жени, калкулирајќи десетици траектории за НАСА, сосе освојувањето на месечината во 1969-та.

Играат со зборови како herstory и Barbie Shero

Куклите од оваа нова серија на Мател со наслов „Инспиративни жени” ќе бидат масовно произведувани и продавани. Компанијата сè уште нема точен датум за кога ќе ги видиме по продавници, но знаат дека секоја ќе дојде со едукативна содржина за жената од која е инспирирана.

„Како бренд кој инспирира неограничен потенцијал кај девојчињата, Барби ќе прави чест на најголемите идоли,” вели Лиза Мекнајт, постар потпретседател и генерален менаџер на Барби. „Девојчињата секогаш можеле да играат со Барбики во различни улоги и кариери и многу сме среќни што ќе прикажеме вистински модели кои можат да ги потсетат дека можат да бидат што ќе посакаат.”

Џонсон која има 99 години соработувала со Мател за да се креира нејзината кукла и да биде сигурна дека ќе личи на нејзе што е можно повеќе.

Херојската Барби колекција ќе слави 14 жени, вклучувајќи и живи легенди како олимпијката Клое Ким, режисерката на Wonder Woman - Пати Џенкинс и австралиската конзерваторка на диви жвотни Бинди Ирвин.

 

8 март 2018 - 11:37