Што ќе се мафташ со манекенки, кога можеш со филмски ѕвезди

Сигурно тоа си рекол Никола Жеские кога размислувал како да ја претстави новата предесенска колекција.

Алиша Викандер

Затоа и ја претставува со каталог, со фотографии на Колие Шор, каде што моделите ги носат Алиша Викандер, Џенифер Конели, Рут Нега и Лора Хериер, меѓу другите.

И вака вика:

„Колку повеќе работам, толку повеќе ми значи нивната реакција. Инспиративно е да се гледа вториот живот на облеката… За меѓуколекција, каде што не правиме ревија, мислев дека е супер да се прикаже од нивна гледна точка.” Заедно со неговата стилистка, Мари Амели Сове осмислуваат комбинации за кои глумиците сметаат дека им одговараат.

Од оние каталози, кога ти станува кристално јасно колку е важно да имаш фотограф со визија. Обрнете внимание како тие геометриски позадини се вклопуваат со моделот и облеката.

Може и ќе поднаучиме нешто...

Алиша Викандер

Дуна Беј

Индија Мур

Келела

Келси Асбил

Клои Грејс Морец

Леа Сејду

Лора Хериер

Мишел Вилијамс

Рут Нега

Самара Вивинг

Софи Тарнер

Тенди Њутон

Џенифер Конели

извор

16 јануари 2019 - 12:49