Шок, секс и протест, или последната ревија Џереми Скот

Еден ден, некој умен куратор ќе направи ретроспектива на модата на Џереми Скот и сè ќе има смисла - референците на поп култура, иконографијата на списанија и книги, неверојатната палета на базенчиња, детство и барбики, сè. И ќе се избезумиме колку бил он уствари добар.

Гледано сезона по сезона, изведбата на Џереми Скот не произведува толкав делириум. Ревијата за 20 години од неговата кариера минатата есен, со огромниот накит и графити-принтовите беше надвор од сите вери. Пролетната колекција во 2016-та беше посветена на бои и репетитивни сликички од точки и пластични пиштоли, што неодоливо потсетуваше на Ворхол и Лихтенштајн, но за разлика од други дизајнери, кои гледаат очи да ти извадат со таа конекција со уметноста, на Скот нешто не му се замара и гајле му е дали ти ќе го видиш тоа или не. Дури и има тенденција да го извади тој потенцијален ореол - ако ти возбудено се залеташ со „аааа, како Ворхол!”, Скот може да ти рече, „Не бе, како детска пижама.”

Од перспектива на критичар, Скот е тежок за сакање затоа што неговите форми се основни и постојани. Тој никогаш не се преправа дека го интересира да претставува историја и развој на модата, никогаш не се фаќал за очигледен луксуз во вистинско време и не се ни преправал дека е во друштво на таквите дизајнери. И вистината е што, веројатно и помина времето за тој тип на визионерски талент - потрошувачите едноставно не го поддржуваат тоа во доволно големи бројки за да се исплати. Премногу им е интелектуално, премногу тешко за варење.

Последново беше одлична колекција на Џереми Скот, полна со визуелни експлозии - како на пример портокаловите дуксери и мини-фустани со 3Д налепници од зборови како протест, мир, секс, шок. Или неочекуваните форми како оној комбинизон од погоре, боја СМБ, што се откопчува од напред кон назад меѓу нозе. И можеш цел да го одвоиш. Преминувајќи кон територија на споредби со Ворхол, користи божем неквалитетни фото принтови (некои од нив и авто-портрети) на кропнати дуксери.

Скот е премногу мудар да се фати исклучиво за политика, но со цело тоа карирано, со она што се закопчуваше меѓу нозе, моторџиските чизми и анти-Кавано маицата што ја носеше лично тој, не е дека колекцијата не дише со протест и дека не личи како да е спремена за демонстрации.

Кети Хорин

12 септември 2018 - 10:04