Сериозни дилеми пред одмор

Дали би се откажале од бразилска депилација?

Во How to Be Single, Ребел Вилсон ја начекува Дакота Џонсон во сауна гола и ја коментира нејзината состојба на влакна со особен хорор на проблемот наречен LTRP - Long Term Relationship Pubes, или влакна-како-за-во-долга-врска. Терминот налага дека само жените во сериозни врски, а со тоа и жени кои немаат потреба да ги импресионираат потенцијалните љубовници си дозволуваат да заборават на восок.

Иако ова е забавно, филмот, кој излезе во 2016-та, изгледа беше назад со материјалот, со оглед на тоа што некој уште од 2013-та наваму решава дека „природниот изглед” треба да се враќа. Гвинет Палтроу тогаш ѝ кажа на Елен Деџенерис дека „тера ’70-ти фазон”, на пример. Истата година, Петра Колинс чии фотографии се важен дел од миленијалската култура, објавува слики од долниот дел на телото, во бикини од каде што се ѕирка нејзината одлука да батали депилација.

И вакви моменти во поп-културата има уште еден куп.

И како што тоа обично бива - земаат замав. Имаат влијание. Според Паз Старк, сопственичка на студио за депилација во Л.А и Њујорк, иако многу жени сè уште сакаат да отстранат сè, често се наоѓаат и такви што се фаќаат за триаголникот наместо за онаа тенката линија што беше модерна на почетокот на милениумот, а ваквиот развој го споредува со враќањето на дебелите веѓи.

„Дамите велат, ‘сакам да се средам, ама сакам и поисполнет, поприроден изглед,’” вели таа. „Бразилската не оди никаде, само што не се фаќаат одма сите за неа.”

Но колку природно е премногу природно?

Старк ги прашува, „Ако одиш на плажа, ќе ти биде пријатно така?” И ќе речат на пример, „Не е дека носам каиш наместо сукња, ама не би сакала да имам влакна на внатрешниот дел на бутовите.” А во однос на тоа дали депилацијата влијае на сексуалниот живот, Старк вели дека е до човекот.

Сепак, според Вог, дилемата „треба или не треба” најдобро ја решава актерката и феминистка Тави Гевинсон која изгледа го одразува ставот на новата генерација жени.

„Не можам да кажувам мислење освен за себе. Не ме интересира да диктирам што ќе прават другите жени со нивните тела и изглед.”

А сепак, завршува со аргумент во корист на природниот изглед: „Штеди време.”

А бе…

Ако се сака, сè се може.

10 јули 2018 - 14:00