Секс за една ноќ - мажи vs. жени

Ниту жените се толку глупи, ниту мажите се толку кретени како на епизодава од Inside Amy Schumer. И не доаѓајте со докази дека се, затоа што толку од вербата во човештвото. Само ќе се согласиме дека, без разлика што ликовите се претерани, некаде длабоко под сето тоа, сепак лежи - точката на инспирација. 

Ликов што го игра Ејми е како отелотворена клетва: Да не даде господ да те снајде ваква жена, што бара гробно место за вас двајца, а ти не знаеш која е. Реално и мажов е клетва, ама па лесно се баталува - и онака веќе му е исполнет денот.

1 декември 2017 - 09:22