Честито:

После #MeToo, на мажите им станува незгодно да подучуваат жени

Откако стана јасно дека ниеден маж не е безбеден од движењето #MeToo, мажите сè поретко се нафаќаат да бидат ментори на жени.

„После коа ќе твитнам за тебе со #MeToo нема да знаеш што те снашло, хехе”

Откако медиумите почнаа секојдневно да се преплавуваат со сведоштва за сексуално вознемирување, машките менаџери три пати почесто знаат да изјават дека им е непријатно да подучуваат жени, и статистички, два пати им е понезгодно да работат на само со жена. Уште поистакната е и воздржаноста да се среќаваат со колешки надвор од работа: после едно испитување на група повозрасни мажи, излегува дека им е понезгодно да одат на работна вечера со помлада колешка, отколку со колега - а особено им е незгодно да одат на службен пат со помлада колешка.

Во пост на Фејсбук, основачката на организацијата LeanIn.Org која ги прави овие истражувања, Шерил Сендберг објаснува дека интензивната неволност на мажите да работат со нивните колешки „сигурно ќе ги намали опциите што жените ги имаат на работа.” Истакнува и дека „последно нешто што им треба на жените во моментов е уште повеќе изолација. Мажите се побројни од нив како менаџери и водачи, па според тоа ако избегнуваат или исклучуваат жени, сами ќе си ја платиме цената.”

За да се намали нанесената штета на која што многумина предупредуваа (и беа шиканирани поради тоа), организацијата смисли нов хаштаг - #MentorHer.

Клин со клин се избива? Тешко. Безумното расфрлање со непоткрепената моќ за која не беа ни свесни колкава е, можно е веќе да ги има вратено жените години наназад.

Како и да е, веќе голем број големи бизнис фаци (машки) се обврзаа да подучуваат жени, во обид да ја поддржат кампањата која има за цел да едуцира зошто менторството е толку важно за да се постигне еднаквост меѓу половите на работно место. Организацијата како важни статистички податоци, истакнува дека луѓето кои имаат ментори имаат повеќе шанси да бидат унапредени, дека жените имаат 24% помалку шанси од мажите да добијат совети од повозрасни лидери, а дури 64% жени од други раси велат дека недостатокот на влијателен ментор ги држи во место.

Сандберг пишува:

„Ако сакаме да има рамнотежа на моќ, која сега ја нема и заради тоа има толку многу случаи на сексуално вознемирување, мораме да бидеме сигурни дека жените ќе добијат и ментори и спонзори, и ништо помалку од тоа. Така се добиваат и задачи и обврски кои водат до унапредувања. Така градиме мрежи кои нè ставаат на патеката до возбудливи можности. Така ја добиваме почитта и препознавањето кои ги заслужуваме.”

9 февруари 2018 - 12:36