Бри Олсон:

„Порното не ме повреди, ама општеството да”

Некои од вас никогаш не слушнале за Бри Олсон, а некои поминале доста време со нејзе на екран. На 19 почнала да работи во порно-индустријата, а сега е веќе пензионирана. И без разлика што сака да продолжи понатаму со животот, нејзиното покварено опкружување, зад маска на една растрепкана неисквареност - не ѝ дозволува.

За епизода од проектот „Вистински жени, вистински приказни” на Матан Узиел ја раскажува нејзината приказна, која во основа е тажна, делумно затоа што општеството е научено дека му е дозволено да кажува кој како треба да живее, а делумно и затоа што Бри Олсон, колку и да е чудно, сака да биде дел од тоа општество.

На 25 години решава да ја напушти индустријата и тогаш сфаќа колку многу луѓето ја осудуваат.

На едноставното прашање „Како сакаш луѓето да те третираат?” низ солзи сфаќа дека би сакала да ја доживуваат како мажена медицинска сестра со две ипол деца.

И можеби тука лежи проблемот.

За разлика од денешните empowering изјави на успешните жени со кои се охрабруваат останатите да се обидат во сè што ги интересира и да не есапат жива сила, Олсон ги советува тинејџерките да не се занесуваат по индустријата за возрасни.

Во дообјаснување на видеото за Дејли Дот, приказната ја завршува со:

„Порното не ме повреди. Ме повредува начинот на кој луѓето ме третираат затоа што сум снимала порно.”

12 април 2018 - 16:21