Порното на Бела Торн и дихотомијата на сексуалноста на славните

Бела Торн - глумица во Дизни серии, сега поетеса, актерка и пансексуалка, го режираше нејзиното прво СМ порно. Некој гол на топка за рушење бетон, некој во тројка во Госип Грл, некој - порно што се смета за помош при мастурбација, без воопшто да открива тело.

Заплетот (колку што порното дозволува заплет), вклучува хипстер што открива дека девојка му сака да го убие. Глумат Абела Дејнџер и Смол Хендс (веројатно си ги знаете), трејлерот е таков маглив, неонски, а насловот е дури и романтичен - „Таа и Тој”.

Потпретседателот на Порнхаб го нарекува филмот „модернистичко, сексуално експлицитно претставување на Ромео и Јулија за двајца млади што се сакаат”, но Торн вели дека прво го замислила како хорор.

„Она што ме инспирираше за филмов, беше размислувањето за врската меѓу маж и жена и таа борба за доминација - и колку сè тоа е поврзано општо со нашиот свет во едно сексуално сценарио. Луѓето се плашат да направат ваков филм, кога се работи за доминација и потчинетост меѓу жена и маж.”

Не знаеме баш дали се плашат, но добро Бела, возбудата е голема.

Торн пушти нејзини разголени фотографии во јавност, кога, како што рече „предолго дозволував еден маж да ме искористува и ми скурчи.” Џенифер Лоренс на која ѝ протекоа вакви фотографии, го нарече ова „сексуално злосторство” и изјави дека, „само затоа што сум јавна личност, затоа што сум актерка, не значи дека си го барав ова. Не се подразбира.”

„Прекрасни, славни жени никако не можат да победат што се однесува до нивниот еротски имиџ: одбиј да објавиш голи слики и некој што сака да ти се одмазди ќе ги хакне. Избегнувај да се сликаш гола, па некој ќе ти направи дипфејк или ќе направи порно со некоја што личи на тебе.”

Бела Торн не се ни обидува да сокрие дека од прва рака го искусила ова и тоа на начин на кој никој не би смеел да го искуси, а ни фактот дека баш во таков свет живееме. Нејзиниот обид во оваа индустрија е значаен заради две посебни, но не сосема неповрзани причини. Првиот е дека со тоа што од Дизни ситкоми премина во сексуална авторка, значи дека е уште еден пример на дизниевка што збеснала. Втората е што во последно време е искрена во врска со злоупотребата која ја трпела додека била мала.

„Тој и Таа” не мора да биде неверојатно уметничко дело за да функционира како уметност - како израз на личната интерпретација на авторот на динамиката меѓу половите, филтрирана преку порно наратив и снимена според нејзината хипстерско-хипичкаа естетика. Без разлика дали конечниот производ е значајно дело во еротската кинематографија, идејата дека млада жена која е истовремено и жртва на злоупотреба си ја враќа контролата на сопствениот сексуален наратив звучи сосема добро.

 

14 октомври 2019 - 14:35