Веројатно ви се случило да ви остане пица од претходната вечер и со малку грижа на совест да им влезете на останатите парчиња сабајле.
Добрата вест е што нема потреба од грижа на совест: изгледа сте му правеле услуга на телото.
Според Челси Амер, специјалист за исхрана и блогер, пица за доручек е често подобро од чинија житарици, на пример. Се разбира, го знаевме ние тоа, ама не знаевме и дека е реално подобро. Челси за Evening Standard вели:
„Би се изненадиле ако ви кажам дека просечно парче пица и чинија корнфлекс со полномасно млеко имаат приближно ист број на калории. Сепак, пицата содржи повеќе протеини и ќе ве држи сити и полни со енергија цело утро.”
Освен ако не се фатите за нешто скроз грдо и нискокалорично, со овошје, повеќето видови житарици се преполнети со шеќери. Затоа, без разлика што пицата не е прва на список за „здрав почеток на денот”, сигурно е подобра опција.
А сега, има една колешка на првава што сака да ни расипе. Прија Тју, исто така специјалист за исхрана, вели:
„Ако јадете пица богата со кашкавал и кулен не е баш добра одлука, ама ако е со многу зеленчук, тогаш може.”
Па, добро, ако мораш да бираш меѓу зашеќерен корнфлекс и пица со зеленчук… Веројатно нема многу за мислење.