Околу фустанот на Карди Би за Греми наградите

Тешко е да се следат новиве, кога излегуваат на секои пет минути и често личат едни на други, ама кога ќе извадат вакво нешто по црвени теписи, ги забележуваш. Можеби не толку заради кариерата, колку што решиле да се стават на старечките мапи со старечки работи.

И така бидна со Карди Би и нејзиниот избор за гардероба за доделувањето на Греми наградите.

Модната индустрија е чудна работа. Или не сакаат да чујат да соработуваат со новајлии, или дозволуваат Канје Вест да се самонарекува моден креатор.

Некаде на средина се Карди Би и Тиери Мјуглер. Еве ја целата приказна, сосе вниманието посветено на косата, бојата на кожата и материјалите што ќе одговараат со Венера-фустанот од '95-та.

И на интервјуто е предобро нашминкана, обрнете внимание.

19 февруари 2019 - 00:00