Нова апликација за барање другарки, стоп машки, стоп лезбејки

Јапонци креираат една многу симпатична апликација, социјална мрежа за склопување платонски женски пријателства без притоа да има „опасност” од удварање, без разлика дали доаѓа од машко или од женско.

Значи технички, може лезбејки, само да не се регистрираат со цел да остварат романтична врска. Машки стоп, не може, чибу.

Што е финтата?

Кога ќе завршат со студии и ќе почнат да работат, особено ако се далеку од дома, во друг град, луѓето често мораат да се справуваат со осаменост. После 12 години школување, кога си опкружен со луѓе слични на тебе, да ја смениш средината може да ти дојде многу тешко и непријатно. И да ти треба пријател, кој баш така лесно немаш прилика да го најдеш.

Tipsys е апликација која функционира за сега само во Јапонија, и е само за жени. Можеш да си направиш профил, да додадеш тагови, да наредиш хобија, кога имаш време и кога сакаш да се дружиш и колкав буџет имаш за излегување. Можеш да кажеш дали пиеш и што пиеш, дури и да напишеш дека, без разлика што забавата би траела, ти мораш во одредено време да излезеш и да фатиш воз.

Се разбира, ако нешто сме научиле од социјалните мрежи до сега, постои (прилично голем) ризик да се натнат луѓе што по секоја цена ќе бркаат девојки. Tipsys тоа воопшто не го ни разгледува, бидејќи намената е стриктно за платонски женски пријателства, и на било каков маж што ќе се сокрие зад слика од жена и ќе збори глупости ќе му биде отстранет профилот. Истото правило на „не може удварање” важи и за жените кои бараат истополова врска, во спротивно - следи бан.

Не се скроз против романтични средби, затоа што имаш опција на пример да прифатиш или да не прифатиш гокон, односно групна забава за романтично спојување. Но, ја имаш и опцијата однапред да напишеш дека немаш намера да ја користиш апликацијата за барање врска.

Постоењето на апликации за лични контакти, како и користењето на вообичаените социјални мрежи за истото најверојатно нема да им биде доволно на јапонските верзии на „kakosi” ликовите да се држат подалеку од ова, ама после филтрирање и чистење на тие што ги игнорираат условите за користење, останува симпатичниот дел - многу женчиња со нови другарки, што излегуваат, пијат, споделуваат ствари и уживаат. Нешто ќе биде и пријателски (и платонски) еквивалент на афера за една ноќ, ама нешто може да стане и долгогодишно и слатко пријателство.

13 септември 2017 - 11:56