Нема да има Викторијас Сикрет на телевизија

Според протечена информација, ревијата на Викторијас Сикрет веќе нема да се емитува на телевизија.

Лес Векснер, директорот на Л Брендс во чија сопственост е ВС, пишува, „Модата е бизнис што се менува. Мораме да еволуираме и да се промениме за да растеме. Со тоа на ум, решивме одново да го разгледаме традиционалното шоу.”

Понатаму:

„Одејќи напред, не веруваме дека телевизија ни одговара. Во 2019-та, а и понатаму, се фокусираме на развивање возбудлива и динамична содржина и нов тип на настан - испорачан на нашите клиенти на платформите каде што се залепени… и на начини кои ќе туркаат граници на модата во глобалното дигитално време.”

Вистината овде е дека во дигитална ера, ревиите стварно се емитуваат многу побрзо од порано. На пример, во 2018-та, ВС се случи на 8-ми ноември, а на телевизија се појави на 2-ри декември. До тогаш фановите веќе можеа многу модели и настапи да видат на социјални мрежи.

Нејасно е какв форма ќе добие шоуто со новата генерација, ама секако звучи како брендот да е спремен да еволуира.

Дали тоа значи дека планираат да вметнат и крупни манекенки како што нонстоп ги пцујат дека не ставаат, или трансродови, како што ги караат дека игнорираат, останува допрва да видиме. Тоа, плус, протечена информација, вака фино осмислена, како за јавност?

Изгледа ВС не се толку „не ни треба никој” колку што би сакале да бидат. Што е поразително, со оглед на тоа што не се јавен сервис.

Ај, ќе видиме.

14 мај 2019 - 10:01