Не сте вие уморни, уморна ви е душата

Добрата вест е што можеби немате сериозна дијагноза. Лошата вест е што сепак, може ќе се препознаете во ова.

Кога минуваме низ долги периоди на екстремен ментален или емотивен стрес, се случува да почувствуваме нешто многу блиско на депресија. И без разлика на желбата „да се разведриме” и да се фокусираме, сепак чувството на истоштеност останува.

Причината за ова е што на душата ѝ треба време да заздрави, исто како што скршена коска бара време. Океј, не е видлива, но е еднакво важна колку и телото што ја носи, што значи дека нејзиното заздравување треба да се третира со истата сериозност како и заздравувањето на телото.

Игнорирањето на знаците дека ни се разложува енергијата може да доведе до сериозни последици како хроничен умор, проблеми со менталното здравје и депресија.

Некои од знаците:

1. Во текот на денот цело време ви се оди во хоризонтала. Често дремнувате и понекогаш се мачите да останете будни и да станете од кревет. Ноќно време се мачите да заспиете затоа што сонувате интензивно и кошмарите ви се чинат вистински.

2. Ве боли целото тело. Чувствувате тензија, вртоглавица, болки во стомак, замаглен вид и главоболки без причина.

3. Кога некој ќе ве праша што ви е, не знаете да одговорите затоа што не ни знаете што ви е. Знаете дека е нешто комплексно и длабоко, а не можете да објасните ни зошто сте такви ни како мислите да се извадите.

4. Често сте расеани и дезориентирани затоа што умот и телото не ви се синхронизирани.

5. Сите чувства ви се интензивни. Може да ви се чини дека сте премногу емотивни, може да плачете без очигледна причина. Често имате чувство дека срцето ќе ви експлодира од љубов во еден момент, па дека ви се крши во следниот.

6. Имате благи напади на паника или хронична анксиозност.

7. Се чувствувате длабоко осамени дури и меѓу луѓе. Се сомневате во луѓето околу вас затоа што цело време сте во некоја дефанзива.

8. Имате горчливи, љубоморни или лути мисли за сè што се случува околу вас, а обично сте сочувствителни и пријатни.

9. Чувствувате физичка слабост и било какво движење ве истоштува. Немате енергија за вежбање, а не ве ни усреќува тоа затоа што ви паѓа тешко.

10. Често сте исплашени и несигурни за иднината. Понекогаш сте толку исцедени што ви доаѓа да се спакувате и да почнете од почеток, само затоа што веќе не уживате во нештата како порано.

Ако ви е ваква работата, прво и најважно што треба да направите е да се направите себеси приоритет и да се погрижите за душата. Поточно, прво треба да се разберете со себе дека „и ја имам душа.” Одморете колку што ви треба. Исклучете телефон и правете омилени работи.

И избегнувајте негативни луѓе и негативен разговор со себе. Доста се карате себеси.

Ако внимавате што „ви бара душата”, можете да елиминарате сè што во животот ве тера да се чувствувате исцедено и укочено, и наместо тоа да се фокусирате на искуства кои зрачат со убавина и енергија.

И истите квалитети барајте ги во луѓе.

Види и:

Слободата на кажување „не”

и

Што значи да се живее во папсано општество?

и

Како стресот на работа стана романтичен?

9 октомври 2019 - 14:42