Не се разбира Италија секогаш во мода

Ако сакаш некое уметничко дело да ја осуди мизогинијата, најверојатно не ти е паметно да побараш Италијанец да ти го направи.

Италија би можела да се нарече и кандидат за главен град на малтретирање по улица - како што кажува новинарката Р.Л. Кослет за Гардијан.

„Живеев таму порано и еднаш гласно ми дофрлаа двајца мажи од погребална кола, сосе ковчегот внатре, а Силвио „бунга бунга” Берлускони само придонесе кон таа слика,” го почнува таа својот текст.

Сега, Маеста Соференте (на англиски: Suffering Majesty), новата скулптура на миланскиот централен плоштад ја критикуваат феминисти бидејќи се работи за голо женско тело, избодено со стрели, оковано и опкружено со диви животни.

Најозбилно.

Дали некој е толку глуп? Тешко, би требало да се праша и уметникот што сакал да каже, затоа што… ваљда не му дозволиле онака без проблем да биде мизогинист, така јавно?

Се вика Гаетано Пеше, и ова дело му е базирано на една друга човечка фотелја од 1960-ти. Рацете на жената се всушност потпирачите, а градите го потпираат вратот. „Уметникот ја претставува жената како парче ентериерска декорација,” е една од многуте очекувани негативни критики објавена во Тајмс. Ставале и стикери на скулптурата на кои пишува „од жената како објект, во жената како софа”.

Ваквата фетишизација е ужасно демоде, но Италија секако се вклопува во тоа демоде. Имено, покрај дофрлањата по улица, може да се пофали и со една од највисоките стапки на фемицид во Европа - 149 жени се убиени во 2016-та. До ’70-ти, Италијанките често биле принудувани да се омажат за нивните силувачи. Кривичниот закон ја отстранил праксата на ослободување на силувачите што се женат за своите жртви дури во 1981-ва. Работите се подобруваат, но сепак бавно.

На некои начини, скулптурата е скроз прикладна, со нејзиното место на плоштадот пред џиновската миланска катедрала. Дали намерата е да ја осуди улогата на црквата во потчинувањето на жените? Не е јасно до крај. Во секој случај, нејзиното поставување го истакнува латентното лицемерие што е во игра кога се работи за женските права во оваа религиозна земја. Италијанските феминистки го користат своето право на протест против скулптурата, но таа продолжува да постои, меѓу другото и  како тажен симбол на уште една пропуштена можност женски уметник да креира нешто вистински моќно.

18 април 2019 - 17:35