После неколку месеци отсуство од социјални мрежи, Тилгман, која има над 330.000 следачи се враќа на Инстаграм и објаснува како оваа ера на „порно со ранливост” ѝ ја затворила врата кон вистинскиот свет и како споделувањето себеси онлајн ја оставило без енергија за реалниот живот. Веројатно многумина ќе се пронајдат.
Според Џенифер Маселман, која порано била на висока позиција во медиуми, а сега е психотерапевт, т.н. vulnerability porn на социјалните мрежи се врзува и со зависност од таа ранливост, при која индивидуата чека наградна валидација или внимание од другите откако ќе се изложи себеси емотивно или психолошки. Платформи како Инстаграм и Јутјуб го помагаат ова „порно”.
Маселман верува дека трендот е толку популарен, што луѓето се научија и како да го уновчат. Со други зборови, социјалните мрежи на сите им овозможуваат нивната емотивна болка да ја претворат во можност за популарност, па дури и за профит. Со секој лајк, коментар и споделување, младите си ги претвораат нивните внатрешни светови во робусни можности за содржини, што, како што кажува и Тилгман, на крајот водат кон непријатности во однос на менталното здравје.
Елис Фокс, основач на „Клуб на тажни девојки”, што е онлајн заедница за оние што се справуваат со ментални болести, признава дека најголем мотиватор за онлајн ранливост ѝ е што се чувствува утешено, „знаејќи дека другите делат слично расположение и можат да споделат совети што лесно можат да се следат.”
Чувството да имаш публика полна со поддршка е добро, но трендот на автентичност и споделување на несигурноста онлајн има тенденција да ни ја успори способноста да бидеме интимни во реалниот живот. „Порното со ранливост нè разголува нас и нашиот свет, а притоа не може да го промени.” Фасадата на социјалната поврзанот преку онлајн платформи може да предизвика да искусиме уште повеќе изолација кога секако ни е тешко, но како што кажува Маселман, „социјалната поддршка е од критична важност кога ни е потребна со проблеми како депресија, злоупотреба на лекови, суицидалност и друго.”
„Мотивирана сум да бидам ранлива онлајн затоа што сакам да го нормализирам човечкото искуство,” вели Јутјуберката Сами Шилер, која на својата платформа зборува на разни теми, од тарот до анксиозност во друштво. Шилер се инспирирала да се отвори за изолација и осаменост во 2017-та и добила илјадници коментари од луѓе што исто се чувствувале. И Шилер, која се чувствувала поддржана и валидирана, продолжила да споделува слични содржини и на каналот, и на Инстаграм.
„Она што порано беше поддршка од семејството и пријателите лично, сега станува емоционално оддалечено тапшање, со лајк или ‘држ се, друже’ во коментар, наместо многу попотребен телефонски повик или дружење за утеха или интервенција,” објаснува Маселман за последиците од споделување стриктно онлајн.
Како што вели Тилгман во нејзиниот пост, „Социјалните мрежи не се замена за човечка конекција. Без време поминато лице во лице, се разболуваме.” Верува и дека постои нешто моќно во паузирање и внимавање што се објавува онлајн.
Маселмен вели дека, „Иако ранливоста пред сите може да има позитивни импликации, кога споделуваме сериозни работи онлајн, искуствата ни се привремено олеснети но не сме и излечени. Ова може да доведе до плитки или емотивно-далечни односи, социјална анксиозност, панични напади, злоупотреба на лекови и други проблеми со тек на време.”