Не е можно Дајен Китон дури сега да се претвора во тетка

Ќе игра во филм каде што нејзиниот лик чита „50 нијанси сиво”, а во приватен живот се плаши да ја прочита.

На шоуто на Елен Деџенерис каде што гостуваше Китон, се зборуваше за филмот Book Club, каде што игра со Кендис Берген, Џејн Фонда и Мери Стинбурген и сите нивни ликови се чувствуваат одново сексуално разбудени откако ќе ја прочитаат „50 нијанси сиво”, Дајен Китон рече дека и била премногу… Нешто.

„Страв ми е да ја прочитам, затоа што искрено е премногу, станува премногу… Не би сакала да одам до таму. Премногу е возбудлива. Премногу ми е. Превозбудлива е.”

Ама, ова ли?

Тие што ја прочитале (океј, не сите) или го гледале филмот (или барем се обиделе), можат да ви кажат дека највозбудливо е кога ќе те мавне фрустрација колку погрешни пораки испраќа филмот, односно, дека сè додека дечко ти има сопствен хеликоптер е во ред да ти го контролира животот. Односно, филм е тоа, него што правиме со сите што се вљубени во фиктивниот, зрел за забрана за приближување, Кристијан Греј? 

Но тука има три сценарија.

1. Дајен Китон (совршено опишана тука), стварно станува тетка.

2. Ни видела, ни прочитала и стварно мисли дека е толку добро.

3. Точно знае што е финтата, ама од пристојност мазно нè откачува, под изговор дека „тоа е толку јако, што не можам.”

Па, ваљда е третово.

16 мај 2018 - 13:40