Најубавото од црвениот тепих во Кан

Да се разбереме, тешко дека нешто ќе ни сврти многу внимание после последната Мет Гала. Па и после Оскарите. Ама, сепак, Кан не е за фрлање.

Поточно, Кан ги враќа работите што Мет Гала ги измести - на место. Наспроти транспарентот на првото - „ШО САКАМ ЌЕ ПРААМ”, модата во Кан мирољубиво вика „се знае како се прави.” Иако и таму имаат залутани цареви.

На Оскари имавме ова. На Мет Гала, ова.

Еве го Кан.

Не ги знаеме сите. Признаваме, не сме изгледале сè што оди во Кан, а може и само не сме до толку хипстери. А може и Холивуд едноставно повеќе нè храни со кампањи. Кан, како што налага и модата што го опкружува е повоздржан.

Воздржано или не, ако е тенка линијата меѓу чаршав за масаста на тераса и фустан, можеби - да се размисли уште еднаш?

Или на пример, ако е стварно грдо, да се преспие моделот?

Си сака цвеќенца Ел Фенинг:

Колку и да е занимлив, неодоливо потсеќа на торта, извинете:

Ок, залутано јако:

Идеја топ, реализација еднакво досадна колку што е глумицата, плус, како недоквакано.

Ова - интересно. Дита фон Тиз како замотана во чад.

Да му се честита на човекот од десно за ташната:

Идни невести, видете овде што има:

Оп, залутана од Мет Гала:

Треба посебен вид на храброст да се стегнеш во сребрено одело и да го износиш поштено:

Идни невести, видете и ова тука:

Уште еден избеган од кампот на Мет Гала, јак:

А бе... Ако ги извадиш ракавите, имаме фустан за наша современа свадба. 

Невести?

Благодарност за бојата, редно беше.

Многу добро. А овие да си проверат дали им фали човек.

Да чекаме ли металик летово..?

Јес, блиску до Климт. Врв дезен:

И се разбира, Клои Севињи. Од оние што без проблем изгледаат добро.

Извор: Хафингтон Пост

20 мај 2019 - 00:45