Најплатената сексуална работничка во Австралија сака да се пензионира

Саманта Икс е најдобро платена сексуална работничка во Австралија и има заработено богатство со наплаќање по 1000 долари од час дружење.

Сега вели дека сака да го остави тоа зад себе и да стане терапевт за секс и врски, со оглед на тоа што има поминато доста време тешејќи милионери за нивните брачни проблеми. Голема промена за некој што наплаќал 20.000 долари за една недела дружба и го преплавувале со подароци и луксузни одмори.

„Мислам дека најголемиот дел од последните 7 години го поминав слушајќи плачки од голи директори, па сега е време да се облечеме.”

Вели дека разговарала и со машки и со женски клиенти на секакви теми, вклучувајќи и како да си го подобрат сексуалниот живот, како повторно да се вљубат и прв совет што им го кажува на сите е дека треба да комуницираат.

„Веќе престанав да бројам колку пати сум седела во хотелски соби и сум слушала мажи и жени како се жалат за врската со нивните партнери. Сите проблеми ќе ги наредат и кога ќе прашам ‘А, разговарате ли за тоа?’ одговорот скоро секогаш е не!”

А не ѝ било секогаш ведро

„Решив да престанам да пијам откако го допрев сопственото дно на крајот на минатата година. Престанав да го гледам алкохолот како нешто забавно и за во друштво, туку како емотивна анестезија. Се обидов да престанам пред години и не можев, но овој пат знаев дека е време.”

Додава и дека никогаш не била некој пијач, но низ годините ја стигнало. „Порано мислев дека возбуда е нешто што им се случува на деца, а возрасните го надраснуваат. Немав почувствувано радост со години, а поголемиот дел од животот го поминав дисконектирана, со чувство дека не се вклопувам и тоа супер го маскирав.”

Кога ќе се прашате „е шо толку е јако Австралија шо идат нашиве”, нека ви текне: ова е таму сосема фина, секојдневна вест. И треба да се стремиме кон секојдневие каде што тоа е така.

11 јуни 2019 - 18:22