Најголемиот аристократ меѓу француските дизајнери

„Неговите фустани потсетуваат на онаа првата, најдобра чаша шампањско.”

Не се сите дизајнери Џон Галијано. Некои се совршено дотерани дедовци:

После 91 година исполнет живот, во најголем дел од неговата страст за облека, откако ја облече Одри Хепберн за „Појадок кај Тифани” и Грејс Кели на 10-годишнината од нејзиниот брак, и остави немерливо богатство од влијание во светот на модата, во сон почина Ибер де Живанши.

Дали изгледот на Одри Хепберн ќе беше толку иконичен, да станеше Живанши правник?

Роден е во благородно семејство и го спремале за кариера во право. Сепак, после втората светска војна, се убедил со неговите да му дозволат да се обиде да работи со облека.

Приказната околу тоа е многу едноставна и занимлива:

 

Кога ќе летате следниот пат со Визер до Париз, нека ви текне дека не е толку страшно што не слетувате на Шарл де Гол или Орли. Кога веќе авионот слетал со аплауз, барем помислете дека сте блиску до родното место на Живанши - роден е во Бове.

Освен за „Појадок кај Тифани”, ја облекувал Одри и за „Сабрина.” Таа за него има кажано дека не е само дизајнер. „Тој е креатор на карактери.” А за малиот црн фустан, самиот Живанши вели: „Тој е најтежок за реализирање, затоа што мора да биде едноставен.”

Џеки Кенеди толку често се одлучувала за него како дизајнер, што решила токму тој да ја облече за погребот на Џон Кенеди во 1983-та - велот и едноставниот црн костум се Живанши.

Живанши го продава бизнисот на Луј Витон во 1988-ма, но продолжува да дизајнира таму до пензионирање, во 1995-та. После него доаѓаат имиња како Галијано, Александар Меквин и Рикардо Тиши.

Го викаат „модниот џин”. И тоа не само заради неговата величина во светот на модата. Живанши беше висок 1.98м.

Последната колекција му е есен/зима ’95-’96, а пред ревијата со неговите пријатели споделил: „Престанав да правам облека, но не и да откривам нови нешта. Животот е како книга, мораш да знаеш кога да ја свртиш страницата.”

По пензионирањето, живее во удобна дискреција, повремено појавувајќи се на настани во негова чест. Овде е на изложбата Тo Audrey with Love, во Gemeentemuseum, во чест на 40-годишното пријателство со неговата модна муза.

Неговата куќа ја објави неговата смрт, нарекувајќи го „симбол на париската елеганција повеќе од половина век.”

Види и:

10 битни ствари за „Појадок кај Тифани” и факт бр. 2.

13 март 2018 - 10:58