Најбоље порно до сега

После 15 години кариера како врвна порно-актерка, крунското достигнување на Анџела Вајт ѝ е тоа што покажа што се случува после секс.

Филмот „Анџела 3” ги прикажува Вајт и колегата Мануел Ферара во сексуални активности цели 93 минути без ниеден прекин. Важното е што, наместо да се затемни сцената кога ќе престанат, камерата продолжува да снима уште 17 минути, додека главните актери преџвакуваат што уствари направиле, како да се на терапија за парови.

„Многу похардкор од сите тие екстремни физички перформанси,” изјавува Вајт за Њујорк Пост. „Да навлезеш во својата емотивност и така да се отвориш. На крајот на сцената плачев, толку ми беше емотивно сето тоа.”

„Анџела 3” станува реткост во светот на порното: се игнорира правилото на индустријата, да напикаш што е можно повеќе блуд во пола саат или помалце и што е уште пошокантно, го крши веројатно последното табу во порното со тоа што прикажува двајца, ако ви се верува во - емоционална интима.

И ова им се исплатело и кај фановите и кај критичарите. Филмот е најпродаван во кариерата на Вајт. Има шест награди за филмови за возрасни, вклучувајќи и Оскари за најдобар дечко и најдобра девојка за Вајт и Ферара. Критичарот Џејмс Шарп вели дека со жена му најмногу уживаат во епските приказни со сериозен заплет какви што режира Сторми Даниелс, но овој филм ги запрепастил.

„И двајцата го гледавме и двајцата се расплакавме,” вели тој. „Тоа ми е најомилена сцена што сум ја гледал. Најуникатното нешто што сум го видел. Имам 50 години, а гледам порно 30 години.”

Додека фановите се надеваат на „Анџела 4”, индустријата работи против такви високобуџетни филмови. На Вајт ѝ успева да го изведе затоа што е една од ретките ветерани што може да си дозволи да одлучува. Има сопствена продукција која ѝ дава слобода да пишува, да бира актери, да снима и да монтира. И ретко кој може да се пофали со таква моќ. Повеќето го напуштаат бизнисот пред воопшто некој да ги запамети, а во меѓувреме, бескрајниот бунар на 18-годишњаци и вебкам девојките кои нудат домашно порно сè повеќе им ја отежнува работата на оние што сакаат да создадат име за себе.

Инаку, оние што ја следат Вајт на Порнхаб, буквално како да ѝ брцаат во џеб. Како и многу други ѕвезди за возрасни, примарниот приход на Вајт доаѓа од нејзиниот вебсајт, каде што пристап чини 29.95 долари месечно. Муштериите добиваат пристап до емисии во живо и пристап до сите содржини што ги вади продукцијата на Вајт и 70% од парите што ги заработува кога ќе направи филм како „Анџела 3” доаѓаат од сајтот.

Детали што би можеле да ве интересираат: Во случај да ве најмат од традиционално студио, просечната плата е околу 1000 долари за типична машко-женска секс сцена. Сумата расте во зависност од нивото на перверзија и популарноста на изведувачот. Плус, ова е ретка индустрија каде што мажите по дифолт заработуваат помалку, со 500 долари од една сцена.

Суперѕвезди како Вајт и Ферара се исклучоци и знаат да заработат и двојно и тројно повеќе од просекот. Ферара сам си одредува сума, за да контролира колку ќе работи и толку е скап, што работи само со најдобрите студија, режисери и колеги. Вајт зад себе има над 300 сцени и е една од најбараните жени во индустријата. Заедно работеле над 20 пати, но „Анџела 3” им е сепак посебен филм.

„Не знаев дека толку доцна во мојата кариера ќе речам, ова е најдобрата сцена што сум ја извел,” вели Ферара за Пост. „Ова беше реална, чиста, сирова сексуална совршена конекција.”

19 април 2019 - 12:09