На Кејтлин Џенер ѝ се глуми Марвел негативец

...Негативка. На стаклени нозе се држи насловов, среќа не сме во англиско говорно подрачје.

Во изјава за изданието на Variety за трансродовиот дел на Холивуд, Џенер открива дека сонува да игра лошотилак во Марвел приказна.

„Во Марвел филм би сакала да бидам најлошата дама што некогаш сте ја виделе во животот,” вели Џенер. „Вие земете шминка и костим. Јас ќе го донесам длабокиот глас.”

Вака срочено ич не звучи лошо.

Повеќето луѓе ја знаат Џенер поради јавната транзиција од маж во жена, како и времето поминато со семејството Кардашијан, но има некои паметат дека остварување на оваа желба не би било прв пат Џенер да се сретне со актерство. Има играно во неколку телевизиски филмови и неколку епизоди од џандарска серија.

Била и на аудиција за Супермен (тогаш нели, како Брус Џенер) и изгубила, како што знаеме, од Кристофер Рив, што тврди дека е добро, затоа што тогаш се мачела да живее како маж, а Супермен е можеби најсилната претстава на машкост.

„И четири месеци подоцна (откако освојува злато на Олимпијада), се јавуваат: 'Сакаш да дојдеш на аудиција за Супермен?' се сеќава Џенер. „И ми дојде премногу. Ќе станев најмачо тип на светот, а тоа не сум јас, ни одблиску.”

Ај, може ќе пушти срце Дизни.

8 август 2018 - 12:32