Сапиосексуалност:

Можно е луѓето да чувствуваат сексуална привлечност само од интелигенција?

„Немој, не ме радуј.” - Јурук

Колку го претеравме со терминот сапиосексуалност?

Вака да се зачиташ во „био” и „абаут ми” на профили на социјални мрежи, еден куп сапиосексуалци ќе најдеш. Зад биографското „сапиосексуалец” се кријат секакви - од ролка до топлес (и мажи и жени), често се во своите 30-ти, а уште почесто мислат дека тврдењето дека се сапиосексуалци ги издвојува на некој начин од површната човеколика орда што, божемесачувај, си дозволува и физичка привлечност.

Се разбира дека не е измишљотина - и Вуди Ален имал жени, и тоа згодни. Плус, реални сапиосексуалци се еволуирана врста, се потпираат на подлабоки вредности, а сè однадвор е само бонус што баш и не ги интересира.

Но, дали баш сите со „Шкорпија. Возам точак. Сапиосексуалец.” во био се толку искрени и дали баш ич не ги интересира физичкиот изглед?

Ај нема да им се мешаме.

Терминот е склопен во 1998-ма, врз основа на латинскиот збор за мудар - сапиенс.

По дефиниција, сапиосексуалците сексуално се возбудуваат на интелектуална дебата, длабоки размислувања и долги разговори за литература.

Малку ви звучи како претенциозен изговор за да шеташ грд дечко, без смисла за хумор? Затоа што  терминот навистина привлекувал критика во минатото, и тоа од луѓе што тврдат дека се базира на симплистички и застарени дефиниции на интелигенција, па со тоа дискриминира невродиверзитет. Хехе.

И, сапиосексуалци сте?

Ние да.

Ама сакаме и други работи.

13 август 2019 - 14:24