Во последнава деценија, Викторијас Сикрет ги претвори женските тела во одлична алатка за унапредување на економијата, а со тоа, долната облека ја направи поле за политичка битка. Годинава, после постојани критики заради фетишизирање на естетиката на ултра-низок индекс на телесни масти, дозволија и плус-сајз манекенка за прв пат. Скоро објавија и дека ќе го укинат шоуто (исто така многу критикувано).
Но, кога ќе фатат миленијалците да возат нешто, многу јасно дека доаѓа напред, а сите сакаат да се качат со нив заедно. Вешот што стега е сега д тинг, и се проценува дека глобалниот пазар за него ќе се зголемува за 4% годишно, од сега па до 2022-ра.
Ким Кардашијан влезе на пазарот со нејзиното „солушнвер” (она што сакаше прво да го вика Кимоно, па се побуни ЈАПОНИЈА). А какво и да ви е мислењето за таа фамилија, ќе мора да се согласите дека, кога се работи за правење пари во однос на поп-култура, инстинктот им е непогрешив. Неодамна и Опра испофали еден модел на Спанкс. Брендови како Хајст и Фенти на Ријана вклучуваат и спектар на тонови на кожа и повеќе величини.
Без разлика дали мидерот се развил во однос на филозофија, технички како парче е многу еволуиран - новата генерација производи се многу поудобни од самите почетоци. Унапредена технологија на материјали, еднакво дистрибуиран притисок, без шевови, и други решенија што пионерите во оваа индустрија не ги нудеа кога почнуваа.
На фундаментално ниво, сега имаме удобност и добар изглед на располагање. Некои брендови нудат и ствари од типот на 20.000 ласерски перфорации, што значи дека во нивните производи кожата дише, а истовремено ти вадат 5 цм од струк, без да те угушат и да те остават без воздух.
И сето ова, во придружба на изјави од типот - „Мислам, ако тоа сакате.” Уредно изрекламирано зад идејата на женската моќ.
Поточно, новата филозофија е, вие сте прекрасни и вакви, ама ако ептен ви треба, имаме ние и нијанси и модели и сè што треба, мејнстрим е, а вас никој ништо не смее да ви каже. Ќе заработуваме, ама и вас ќе ви биде добро.