Марго Роби одговара 73 прашања

Супер е таа Вог рубрика каде што еден досаден, со досаден глас, божем ненаместено им влегува на славни фаци дома и ги прашува 73 прашања. Луѓето од другата страна се секогаш нормални и забавни. Поднаместенки, ама забавни.

И Марго Роби така. Да можеби ја интервјуирала Џ.К. Роулинг, а омилена книга ѝ е Хари Потер. И одма знаеш дека милион луѓе ќе се пронајдат во ова и ќе си речат „па она е како мене.” И е, нормална е. Со тоа што, сабајле станува, пие чај и оди „да поплива”, ние тоа не правиме. Плус, дента планира да ѝ дојдат другарки на бранч, а ние тоа исто така не правиме.

Марго Роби, за спремање за улоги, за како е да се работи со Тарантино, и за Австралија вс. Америка:

12 јуни 2019 - 00:05