Мајки држ'те се

Малтретирањето мајки од страна на луѓе што уживаат да се прават паметни станува спорт.

Еве по некој пример, и ако сте пронајдете, а не сте мајката, заслужувате воспитен шамар.

1. „Ѝ менував пелена на ќерка ми на задно седиште на паркинг пред продавница и ми пријде една жена и ми рече дека „ја учам ќерка ми да се соблекува во јавност.”

2. „Неодамна, мојот син (кој е единец) го гризна едно девојче во градинка. Директорот нè обвини што немаме повеќе деца и рече, „да имаше брат или сестра ќе знаеше што да прави кога некое дете ќе го гризне.”

3. „Да имав долар секогаш кога ќе ми кажат дека сум недоволно добра мајка затоа што имам тетоважи, лесно ќе можев да си дозволам колеџ за моето дете кое е одличен ученик.”

4. „Ме ругаа додека бев трудна дека не сум имала утринска мачнина.”

5. „Ме караа што го изнесов бебето надвор. Го шетав моето четиримесечно бебе со количка на тротоар и еден човек ми се развика, „Боже, што правиш со тоа бебе надвор? Тргни го од загадувањево!”

6. „Ме караа дека многу ја држам ќерка ми во раце. Имаше ШЕСТ ДЕНА.”

7. „Кога бев трудна, отидов да ми стават вакцина против грип, и кога си одев, една жена ми просаска, „Се надевам дека бебето нема да ти фати аутизам!”

8. „Го испраќав син ми до автобуска станица во пижами со Малата сирена и една мајка ме погледна и ми рече, „Можеше барем хеланки да облечеш.”

9. „Ме нарекоа убиец на бебиња затоа што бебето не носеше чорапи. Во лето.”

10. „Една госпоѓа ме нападна затоа што го донесов мојот четиригодишен син во тоалет со мене во една продавница. Кога ѝ објаснив дека не ми е сигурно сам да го пратам во машкиот тоалет, ми рече дека тогаш не сум требала да излезам од дома без маж ми.”

11. „Ме караа дека носам ранец наместо торба за пелени.”

12. „Кога реков дека ќерка ми има една година, наместо да речам четиринаесет месеци.”

13. „Дека не ги чувам сите цртежи што детето ги прави во школо.”

14. „Дека кај нас не 'доаѓа' Дедо Мраз. Една мајка ме нападна дека 'ја уништувам магијата на Божиќ'.”

15. „Цимерката од факултет ми рече дека затоа што сум имала итен царски рез, син ми цел живот ќе има емотивни проблеми.”

16. „Дека не ставам секој месец слики од бебето на социјални мрежи.”

17. „Некој ми искоментира дека сум премногу нашминкана како за мајка.”

18. „Купував во маркет со моето бесно дете и видовме дека има бесплатни овошја и колачиња за деца. И ја прашав ќерка ми што сака, и се разбира, избра колаче. Откако ѝ го дадов, една мајка во близина му даде банана на син ѝ и рече - очигледно наменето за мене - „Ти давам банана затоа што те сакам и не морам да те полнам со шеќер за да бидеш умен.” Ја размафта косата и ме одмина.”

19. „Ме караа дека не сум ја социјализирала ќерка ми доволно, кога не сакаше да разговара со човек што прв пат го гледа, штотуку разбудена од 3-часовен пат со кола.”

20. „Дека на Фејсбук објавив дека е тешко со ново бебе.”

21. „Ме караше шефот што не сум го постигнала балансот меѓу мајчинскиот живот и работата. На работа се вратив после 3 дена.”

22. „Дека одам во супермаркет со новородено бебе. Жената ме искара и ми кажа дека супермаркет не е место за ново бебе.”

Мајки, држ'те се.

4 декември 2018 - 15:23