Ловот на расистички вештерки продолжува, а ова е ужасно глупа епизода

J. Crew и нивниот бренд Madewell моментално се на едно дигитално стрелање од една малку неверојатна причина. Интернетот им полуде дека „не се потрудиле доволно околу фризурата на нивната црна манекенка.”

Нели ве тера да се запрашате до каде ќе оди ова? Или барем да помислите дека некој трол од мракот на неговата соба си рекол „чекај да ги дупам малце, да видам дали и за ова ќе се закачат”, па пушта муабет дека е срамота што црнкињата нема доволно добра пунџа, а на интернетот толку му треба?

Како што се гледа од фотографиите, фризурата на манекенката е „профатена”, односно, треба да глуми намерно необавезна пунџа, што поради квалитетот и карактеристиките на косата што ја имаат скоро сите од афричко потекло многу го ограничува фризерот.

(„Тоа не е растурена пунџа, тоа е чиста негрижа.” со зборот негрижа како neglect ,кој често се употребува и во конотација на беспомошни и зависни суштества или предмети кои не можат сами да се оддржуваат.)

Понатаму формулата е веќе позната. Се појавува расистичка толпа од луѓе што чедно тврдат дека они не се расисти и они ги бранат интересите на одредена култура, па откако маста ќе му ја извадат на брендот, без разлика дали основано или не, брендот се извинува и кажува дека веќе – нема да му се повтори.

Што нема да му се повтори?

"J.Crew се стреми да ја претставува секоја раса, пол и опкружување,” пишуваат од брендот. „Искрено се извинуваме за фризурата на оваа манекенка, и навредите што ги предизвика. Ве уверуваме дека преземавме чекори да се справиме со ова и да спречиме повторно да се случи.”

Не, не е заебанција.

На слична тема, само со Индија.

Плус, репликата на векот, исто на темава.

13 ноември 2017 - 14:55