Љубовта на Келвин Клајн и Енди Ворхол на фармерки

Нивната афера трае веќе со сезони, само што новото е дека сега и тие што не можат да си дозволат облека директно од писта можат да учествуваат.

Келвин Клајн вади капсула во соработка со Фондацијата на Енди Ворхол, со ликот на уметникот на фармерки, маици и патики. Она што најмногу нè интересира е што сите овие производи посебно би чинеле од 50 до 180 долари.

Авто-портретите искористени за оваа колекција се направени во годината пред да умре, печатени се на платно во неонски бои, а нивните оригинали живеат по галерии и музеи ширум светот.

А сега една нивна репродукција може да ни виси во плакар за помалку од 200 евра.

За тие што имаат пристап до свежи колекции на Келвин Клајн, ова е достапно од 7-ми јуни.

11 јуни 2018 - 13:36