Љубов, пријателство и кариера, според Хелена Бонам Картер

Полниш одредена бројка на години, и ако те бива (а нејзе ја бива), се разбира дека ти приоѓаат и те прашуваат како ти ги гледаш битните работи во животот.

Во моментов ја игра принцезата Маргарет во „Круна”, а на сцена и пред камера е 40 години. Од оние глумици што не ги разбираш, дури и ги нејќеш кога си мал, а кога ќе созрееш, сфаќаш со колку многу слоеви и колку вонсериска енергија ги изиграле нивните ликови.

Сега има 53 години и при една фотосесија со Харперс Базар раскажува што ја научил животот за неговите најважни сегменти - љубов („Среќен си ако ја најдеш”), пријателство („Најважното нешто”), самодоверба („Доаѓа и си оди”) и кариера („Амбицијата избледува”).

Конкретно за самодовербата, вели,

„Доаѓа и си оди, како плима и осека, и дефинитивно се зголемува со годините, еве, радувајте на тоа. Како што станувате постари, губите многу работи... Вообичаена функција на некои органи... Колаген... НО! Добивате самодоверба!”

И целото излагање, при сликањето за насловна страница е едно смирено, гласно размислување што го прави скроз пријатно за гледање и слушање.

Ај да не наполниме 93, пред да ги научиме овие работи:

29 ноември 2019 - 00:00