Лажните клиники за абортус во Америка

Не сме саде ние со фејк институции.

Американките што имаат потреба од абортус цело време по грешка закажуваат термини во т.н. Crisis Pregnancy Centers, односно, центри за криза при бременост кои, за разлика од институциите што им требаат, всушност се про-лајф религиозни центри финансирани од владата. Таму не се оди да абортираш, туку да те убедат да не абортираш.

Вајс истражува на кои сè безобразни начини овие центри привлекуваат жени со непланирана бременост и со какви сè лажни информации се наоружани за да обесхрабрат абортус.

Со оглед на тоа што ние сме махери за вакви лажги со опашки, чудо е како не ни текнало први.

13 септември 2019 - 00:00