„Кукла како мене”, за деца со несекојдневна убавина

Фино е кога имаш нешто персонализирано, на пример, привезок со твоето име, или некаков си хороскопски знак. И после сфаќаш колку е банално кога ќе ти текне дека дете со специфични физички карактеристики има кукла иста како него, после долго време шетање меѓу кукли што личат на другите деца.

Ова се случува заради Ејми Џандрисевиц, социјален работник на онколошки оддел на педијатрија. GoFundMe ја нарече „Херој на месец декември” заради нејзината кампања. Порано работела терапија со играње со кукли, но наскоро забележала дека куклите што ги носи воопшто не личат на болните деца. Сфатила дека е тешко да го убедиш детето дека е убаво кога не се гледа себеси во нешто што треба да личи на него.

Затоа, почнува изработува нетрадиционални кукли, во мисија што ја нарекува „Кукла како мене”. Досега има направено 300 кукли - една кукла ја чини 100 долари, но бидејќи гледа колку им се радуваат деца, сака да најде начин да ги покрие тие трошоци за оние што не можат да си ги дозволат. Со кампањата на GoFundMe, сака да ги покрие трошоците за изработка и испорака и да ја претвори „Кукла како мене” во непрофитна организација. Главната цел ѝ е да има кукли без семејствата да морат да плаќаат за нешто што им помага на нивните деца.

„Ако гледаме на менталното здравје како потребен дел од медицинската нега, ова е клучно,” вели таа. „Ако сакате валидација и терапија со игра, вакви кукли се потребни.”

За среќа, луѓето реагираат многу позитивно и речиси ја има постигнато целта да собере 25.000 долари.

Куклите ги прави да бидат од различни раси, со разлики во екстремитети, белези на телото и други здравствени карактеристики, плус ги вметнува и интересите на децата. По пат се учела како од кукли што се разликуваат само во екстремитетите, да оди во детали и да покрие дланки, албинизам, белези и лузни.

„Вреди кога ќе видам дека детето ќе ја земе куклата и ќе рече ‘иста е како мене’.”

Кампањата уште трае и сè уште може да се донира.

Not all heroes wear capes.

18 јануари 2019 - 07:17