Неделна доза ентериер:

Куќи на луѓе што ич не размислуваат како нас

Овој пат не е само ентериер, има и екстериер (особено кај куќата Флинстонс), ама едно е сигурно - далеку се луѓево од нас и нашава неиновативност со досадните, неунифицирани фасади и куќи со мода на прозори неапдејтирана во последниве 20 години.

На пример, има една некаква јака женска од Сингапур што има плакар со шифра, и се разбира дека има шифра, затоа што внатре има 200 Биркин ташни, а знаеме колку чини една.

Ја спомнуваат и Розевата дама, ја имавме тука, и гледајќи го се потсетивме колку мора да е напорно да живееш во простор што личи како внатре да му експлодирал Пинк Пантер. Како, како не те заболува глава од толку многу розево? Уствари толку многу било која боја, ама една?

Па, имаш поткровје со зиплајни и ѕидови за качување, и лулашки, за да не мораш да излегуваш надвор, затоа што сите знаеме колку е досадно да се носат деца на лулашки.

Ова романтично створење е испринтано во 3Д за 24 саати и е тотално функционално.

Па куќи за играње милионери, за играње хобити, куќи со базен со сељачки светла... 

А ние тука се молиме за новоградба каде што еден спрат ќе биде во стакло како да бараме свемир да се направи.

Еве ги:

А еве ги некои од нив посебно:

Плакарот на Џејми Чуа

3Д-принтаната куќа

Куќата за мачки

Станот што се отвара

Куќите за Хобити

7 август 2019 - 15:02